Новиот BMW M2 CS уште пред официјалното деби успеа да запише голем резултат, поставувајќи рекорд на Нирбургринг во класата на компактни автомобили. Моделот ја извози патеката Нордшлајфе за 7:25.5 минути, со што го надмина претходниот рекорд за осум секунди и јасно покажа дека BMW подготвил исклучително сериозна возачка машина.
Рекордниот круг бил поставен на 11 април 2025 година, а зад воланот бил Јорг Вајдингер, развојниот инженер на BMW M. Со тоа, новиот M2 CS не само што го симна Audi RS3 од врвот, туку и за 13 секунди го подобри претходниот најдобар резултат на стандардниот M2.
Под хаубата се наоѓа twin-turbo 3,0-литарски реден шестцилиндарец, кој во оваа CS верзија развива 523 коњски сили и 479 lb-ft вртежен момент. И покрај тежината од околу 1.710 килограми, автомобилот стигнува до 100 километри на час за само 3,7 секунди и достигнува максимални 303 километри на час, што дополнително потврдува колку е сериозен.
Иако новиот M2 CS не нуди мануелен менувач, тоа очигледно не ги одвраќа купувачите. Од BMW веќе потврдија дека побарувачката е огромна и дури поголема од очекуваното на некои пазари, поради што компанијата ќе мора да ја зголеми распределбата на примероци и за САД.



