Вести

Sneak peek: Првиот електричен Bentley е снимен на тестирање пред дебито годинава

Bentley се подготвува да влезе во ерата на електричните автомобили со својот прв EV, а новиот модел веќе е забележан на тестирање на Нирбургринг. Иако сè уште е целосно маскиран, прототипот открива дека станува збор за нов SUV, позициониран под Bentayga по големина, но сепак со должина од околу пет метри.

 

Новиот модел ќе дебитира подоцна оваа година и ќе биде поставен на PPE архитектура, развиена исклучиво за електрични возила. Тоа значи дека нема да биде адаптиран и за мотори со внатрешно согорување, туку Bentley директно влегува со целосно електрична основа.

 

Според очекувањата, овој SUV би можел да дели дел од техничката основа со Porsche Cayenne Electric, но со уште поголем акцент на комфор и луксуз. Се најавува како еден од електричните модели во класата кои најбрзо се полнат, а логично е да добие и двомоторски погон на сите тркала.

 

Иако официјални бројки сè уште нема, се очекуваат високи перформанси и многу моќен погонски систем. Со овој модел, Bentley ќе ја отвори својата нова електрична ера, а повеќе детали ќе бидат познати кога камуфлажата конечно ќе падне, подоцна годинава.

Поврзани Вести

Препорачано