Вести

Пет работи на кои треба да се внимава на Ф1 викендот во Мајами

Формула 1 се враќа овој викенд со Големата награда на Мајами, која ќе биде четврта трка од сезоната 2026. По пауза од пет недели, поради откажувањето на трките во Саудиска Арабија и Бахреин, Мајами ќе донесе спринт формат и можност тимовите конечно да покажат колку напредувале за време на паузата. 

 

Една од главните приказни ќе биде дуелот во Mercedes. Кими Антонели изненадувачки води во шампионатот, но Џорџ Расел има задача да докаже дека сè уште е лидерот на тимот. Мајами може да биде идеална шанса за Британецот да го врати моментумот.

 

Големо внимание ќе привлече и McLaren. Тимот најави сериозно обновен MCL40, а по слаб старт на сезоната, Мајами треба да покаже дали новите делови можат да го вратат тимот во борба за врвот.

 

За Red Bull и Макс Верстапен, ова е викенд за реакција. Тимот досега има проблеми со балансот на болидот, па добар резултат во Мајами би бил важен сигнал дека кризата може да се надмине.

 

Cadillac ќе ја има својата прва „домашна“ трка во Ф1, но тимот сè уште бара стабилност, брзина и препознатлив идентитет. Од друга страна, Haas доаѓа како најпријатно американско изненадување, со одличен старт на сезоната и силен VF-26.

 

Поради сѐ тоа, Мајами затоа не е само уште една трка туку и важен тест за Mercedes, McLaren, Red Bull и двата американски тима.

Поврзани Вести

Препорачано