Bentley Continental GT S е нова изведба што го комбинира погонот на стандардниот Continental GT со поспортската шасија на Speed верзијата, со цел да понуди малку поостар карактер без да отиде предалеку од класичната grand tourer формула. Иако самата позиција на GT S во гамата делува малку збунувачки, конечниот впечаток е дека Bentley повторно испорачува многу комплетен и префинет автомобил, со истакната спортска нота.
Под хаубата се наоѓа plug-in hybrid систем што го комбинира 4,0-литарскиот twin-turbo V8 со електромотор, за вкупно 671 коњска сила. Тоа е помалку од Speed, но и понатаму повеќе од доволно за автомобил од овој тип. За посебна пофаба е V8 карактерот, особено во GTC кабрио верзијата, каде што звукот и целокупното чувство зад воланот доаѓаат уште повеќе до израз. Во електричен режим може да понуди и околу 50 милји досег, иако EV искуството не е главната причина поради која некој би го купил овој Bentley.
Во кабината, GT S останува Bentley каков што и се очекува: раскошен, квалитетен и полн со тактилни, механички контроли што оддаваат вистинско премиум чувство. Седиштата се исклучително удобни и со добра поддршка на телото, а балансот меѓу дигиталната технологија и класичните физички команди е оценет како една од најсилните страни на автомобилот. Главниот минус внатре е тоа што plug-in hybrid батеријата значително го намалува багажниот простор.
На пат, GT S остава впечаток на голем и тежок автомобил што изненадувачки добро ја крие својата маса. Управувањето на автомобилот е стабилно, прецизно и многу добро избалансирано. Не е радикален спортски автомобил, туку брз, луксузен и сигурен GT што знае да понуди и дополнителна доза динамика кога тоа ќе го побарате од него. Токму затоа заклучокот е јасен: можеби GT S не беше неопходен како посебна верзија, но како целина функционира многу убедливо.



