Вести

Новиот Audi Q7 проектира трепкачи директно на патот

Audi повторно ја унапредува технологијата на светлата кај своите модели, а новата генерација на Q7 носи една од најинтересните функции досега. Луксузниот SUV добива систем што може да проектира насочувачки сигнали директно на патот, со цел движењето на автомобилот да биде појасно за другите учесници во сообраќајот.

 

Функцијата работи ноќе, кога се вклучени кратките светла. При активирање на трепкачот, проектори вградени во предните светла прикажуваат стилизирани стрелки на асфалтот. Тие работат заедно со класичните секвенцијални трепкачи и се активираат автоматски кога возачот ќе ја користи рачката за сигнализација.

 

За разлика од дел од модерните светлосни потписи, кои повеќе служат за визуелен ефект, оваа технологија има практична безбедносна улога. Дополнителната проекција на патот може да им помогне на другите возачи, велосипедисти или пешаци полесно да забележат дека Q7 менува насока или лента, особено во темни услови.

 

Audi ја интегрираше advanced turn signal функцијата и во задните светла. Тоа треба да им даде појасен сигнал на возачите зад автомобилот кога Q7 се подготвува за промена на лента. Задните OLED светла исто така можат да прикажуваат предупредувачки симболи за да сигнализираат потенцијална опасност на патот.

 

Предните digital matrix LED светла имаат и други функции. Системот може директно да осветли пешаци покрај патот, а ако камерите детектираат замрзнат коловоз, проекторите кратко прикажуваат симбол на снегулка на асфалтот како предупредување за возачот.

 

Светлата можат автоматски да се прилагодуваат и при промена на лента, како и да помагаат со визуелно водење во градежни зони или посложени сообраќајни ситуации. Назад, дополнителна светлосна лента се рефлектира на стаклото од багажникот и функционира како уште еден brake light.

 

Сето ова покажува дека Audi повеќе не ги третира светлата само како елемент за осветлување, туку како активен дел од комуникацијата меѓу автомобилот, возачот и околината. Новиот Q7 така добива технологија што е впечатлива, но и потенцијално корисна за безбедноста.

Поврзани Вести

Препорачано